Home » Настап на Никола Зацески на Широк Сокак во Битола

Настап на Никола Зацески на Широк Сокак во Битола

by culturalchat

По примерот на европските градови, и Битола со музички подарок од Бит фест со настапот на познатиот македонски пејач Никола Зацески, придружуван со својот бенд од искусни музичари. Еден од најталентираните млади музичари на македонската сцена, го привлече вниманието на минувачите од срцето на Битола, на Широк Сокак.Пред две години се сеќаваме и на неговиот солистички концерт „Срцето мое тука чука“, кој ќе остане долго во срцата на сите присутни, како и настапот на Широк Сокак. Неговата изведба, ги допре присутните, кои останаа до последната изведба. Секоја песна беше приказна, секоја мелодија – порака, а секој аплауз – потврда за длабоката врска што Никола ја создаде со својата публика. Со ова, Никола Зацески, ја зацврсти својата позиција како еден од водечките млади уметници на македонската музичка сцена.

Related Articles