Во рамките на Битолското културно лето, на платото пред Офицерскиот дом се одржа концерт на четворица гитаристи. Ги познаваме како музичари од градот кои членувале во различни музички групации, но нивната пасија кон гитарата како благороден инструмент дојде до израз токму преку концертот на кој изведоа познати филмски теми.
Филип, Џима, Златко и Тони, се дел од овој состав, а многубројната бројната публика ги награди со долготрајни аплаузи.
Фото: Сашо Ставрев
