Синоќа во рамките на Бит фест, се одржа концерт на квартетот „Пелагонија“, на малото плато зад Офицерскиот дом -КИЦ Битола. Летна сцена, амбиент кој воодушевува и музика која може само да се посака. Членови на кваретот се: Тамара Коминовска, Филип Петрески, Марија Јанчулеска, Александра Чуруковска, 
На музичката вечер и претходеше „Културен Хорологион“ со проф. д-р Марјан Танушевски кој пред аудиториумот потсети на втемелувањето на битолскиот Офицерски дом кое датира од 1909 година, велелепен објект проектиран под влијание на австриски и италијански архитекти и граден од вештите раце на смилевските мајстори. Низ историјата се менувала сопственоста на Офицерски кој денес е објект на Културно информативен центар-КИЦ Битола. Танушевски потсети и на деновите кога во Битола бил обликуван градскиот парк, некогашното мочуриште кое по наредба на Абдул Керим Паша во 1901 година е изграден парк, тогаш наречен „Единство“, а во еден период и „Парк на слободата“.

Фото: Сашо Ставрев
