Home » Изложбата на фотографии „Унгарска свадба“ презентирана во Битола

Изложбата на фотографии „Унгарска свадба“ презентирана во Битола

by culturalchat

Избрани фотографии на тема „Унгарска свадба“ од авторот Јожеф Марк Горач деновиве го красат фоајето на кино „Манаки“ во Битола, во рамките на „Илинденски денови“. Горач е уметник кој дејствува во повеќе области на визуелната уметност и унгарската традиционална култура. Со народни танци се занимава од детството, а покрај тоа негова страст е фотографијата.Изложбата ја отвори м-р Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура и притоа рече дека изложбата се совпаѓа со мотото на фестивалот „Точка на поврзување“.

– Авторот Јозеф Марк Горач е пријател на нашиот фестивал и тоа само по себе е точка на поврзување. Во фестивалската програма ќе настапи и ансамбл од Унгарија и тоа е уште една точка на поврзување, а точка на поврзување е и иницијативата за поврзување меѓу општината Дистрихт 18 од Будимпешта со Општина Битола“.Во рамки на фестивалскиот „Културен Хорологион“, д-р Марјан Танушевски, потсети на некогашните амами во Битола кои датираат од времето на Сулејман Величествениот, со посебен осврт на Керим бегов амам познат и како Ески чифте амам, во кој имало посебен простор за невести и кои пред свадбата доаѓале во амамот на т.н. ритуално чистење.

Фотографии: Сашо Ставрев

Related Articles