Home » „Битфест“ и „Илинденски денови“ ја промовираа изложбата „Традиционална уметничка резба“

„Битфест“ и „Илинденски денови“ ја промовираа изложбата „Традиционална уметничка резба“

by culturalchat

Во малата сала на НУ Завод и Музеј Битола, „Бифест“ приреди нов културен настан организиран во соработка со фестивалот „Илинденски денови“, односно изложба со наслов „Традиционална уметничка резба“ на која се изложени дела од членови на Здружението на копаничари на Македонија.Културно информативен центар КИЦ – Битола на љубителите на уметноста им овозможи во рамки на фестивалот да погледнат 45 дела работени во сите техники на резба, плитка, поткопана, ажурна и скултпурна резба. Изложбата ја отвори м-р Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура Битола, за копаничарството како вековна македонска традиција говореше д-р Никола Михајловски, претседател на Здружение на копаничари на Македонија, а проектот „Културен Хорологион“ го претстави проф. д-р Марјан Танушевски.
Фотографии: Сашо Ставрев

 

Related Articles