Концертот на Миле Кузмановски и НУ Камерен Оркестар на Битола, „Ехо од Хераклеа“, е презакажан за понеделник, 20. јули 2026 година, со почеток во 20:30 часот, на локацијата Хераклеја, Битола. Публиката ќе има можност да ги слушне неговите безвременски хитови во едно поинакво издание. Заедно со оркестарот ќе направат битолска приказна која ќе се памети, најавува и гости кои за сега остануваат изненадување. Кузмановски има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има одржано концерти во Канада, Америка, Германија, Австралија, Швајцарија, Австрија и други европски земји. Познат е по баладите Не кани ме и Крал без круна. Во 2025 година, по повод 35 години кариера, одржа концерт во Македонската опера и балет во Скопје, заедно со Сузана Спасовска, Спасен Сиљаноски, Бојана Скендеровски. Има издадено 5 албуми со негови авторски песни, од кои еден е двоен албум и два се спој на аудио и двд материјал.
