Home » „Љубојна“ и ансамблот „Тиквеш“ го отвораат фестивалот “Македонско културно лето” во Пустец

„Љубојна“ и ансамблот „Тиквеш“ го отвораат фестивалот “Македонско културно лето” во Пустец

by culturalchat

Денес по 21. пат на плоштадот Гоце Делчев во Пустец Р. Албанија со концертот на Љубојна и ансамблот Тиквеш, почнува Фестивалот “Македонско културно лето”. На програмата ќе се најдат и претстава за деца / мјузикл „Штурците и Мравките“, Ревија на Охридска народна носија “Од Љубаништа до Дебој“, Промоција на книга “Охридски фолклористи”, Краткометражен филм “Приказна за една охридска свадба“, претстава за деца / мјузикл „Шеќерна приказна“ и ликовната изложба „Преспански поетски ден“.
Фестивалот е поддржан од Македонското министерство за култура и туризам, Пустец, Скопје, Битола, Охрид, Велес и Кавадарци, а организатор е Едмонд Сотир, основач на фестивалот, Здруженито на македонците по потекло од Албанија „СОНЦЕ“ Скопје и Општина Пустец.
Отворањето е во 19:00ч.

Related Articles