Home » Средба на директорката на македонскиот КИЦ во Загреб и уредничката на издавачката куќа ПНВ Публикации

Средба на директорката на македонскиот КИЦ во Загреб и уредничката на издавачката куќа ПНВ Публикации

by culturalchat

Директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, оствари работна средба со писателката и главна и одговорна уредничка на издавачката куќа ПНВ Публикации, Јулијана Величковска, која престојува во Загреб како гостинка на резиденцијалната програма на Хрватскиот ПЕН-центар.При посетата на македонски КИЦ во Загреб се разговараше за можностите за идни соработки, со особен акцент на промоцијата и афирмацијата на македонската книжевност во Хрватска, како и на поврзувањето на македонските и хрватските автори, издавачи и културни работници. По тој повод, Јулијана Величковска му подари на македонски КИЦ избор на изданија на издавачката куќа ПНВ Публикации од македонски автори, како и дела од хрватски автори преведени на македонски јазик, со што дополнително се збогатува книжевниот фонд на КИЦ и се поттикнува книжевната размена меѓу двете културни средини.
На средбата, директорката Мими Ѓоргоска Илиевска нагласи дека еден од стратешките приоритети на македонски КИЦ во Загреб е активното и континуирано присуство на македонската книжевност на хрватската културна сцена — преку претставувања на автори и изданија, книжевни програми, преводи, соработка со издавачи и културни институции и создавање нови професионални мрежи. Во таа насока, македонски КИЦ ќе продолжи да иницира и поддржува проекти што отвораат простор за поголема видливост на македонската книжевност, директна соработка со хрватските културни и издавачки институции и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска

Related Articles