Home » Стоечки аплаузи за современиот балет „Пепелашка“ во Битола

Стоечки аплаузи за современиот балет „Пепелашка“ во Битола

by culturalchat

Современиот балет за возрасни и деца во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, на Македонската опера и балет, гостуваше во Центарот за култура . Оваа балетска продукција претставува современа бајка за сите возрасти, во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), а сценограф е Филип Коруновски.

Гостувањето на Mакедонската опера и балет е дел од годишната програма на Центарот за култура Битола. За балетската претстава во Битола се бараше билет повеќе. Уметничката директорка на Балетот, Олга Панго присуствуваше на изведбата во нашиот град истакнувајќи дека секогаш е задоволство гостувањето во Битола.

Оваа „Пепелашка“ е сместена во 1970-те, во време на премиерата на познатиот филм „Брилијантин“.Кореографот Александар Илиќ е прв солист на Народниот театар во Белград.Работи како кореограф и професор, а основач е на Институтот за уметничка игра. Досега работел на повеќе опери, поставил балетски претстави, танцови перформанси и инсталации, како и претстави за деца.

Битолската публика ретко има можност да гледа балет и ова беше ретка прилика публиката да влезе во светот на приказната преку танц. Балетската претстава е со воодушевувачка кореографија, извонредни костими и маѓепсувачка музика, што ја пренесе публиката во волшебното царство на бајката за Пепелашка. Во насловната улога настапи Христина Наќевска, во улогата на принцот Мирослав Митрашиновиќ.

Во останатите улоги се :Вила Ангел: Саша Евтимова, Маќеа: Марија Јосифовска Ристовска, Сeстри: Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос, Татко: Драган Кочоски , Мала Пепелашка: Гала Кочевска. Настапуваат и солистите и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Балетската претстава „Пепелашка“ во МОБ е наменета за сите генерации гледачи, не е работена според моделот на „Дизни“, туку содржи елементи на модерниот и класичниот балет. Во насловот е додаден хаштаг „Љубов“. Оваа поставка на ‘Пепелашка’, го задржува оригиналното либрето, но и се следи современоста.  претстава која комуницира низ современ кореографски јазик“.Тука.е оригиналниот синопсис,  музиката на Прокофјев и се она што се главни карактеристики на оваа бајка, а тоа е љубовта, и дека добрината ќе го спаси светот.И живееја среќно до крајот на животот, баш, баш среќно, бидејќи како што вели и самиот поднаслов на претставата ‘Љубовта е во воздухот’ (Love is in the air)“.

 

 

 

Related Articles