Македонска виолинистка Пламенка Трајковска го објави синглот „Ода на радоста“ и видео спотот по повод Денот на Европа 9 ти мај. Композицијата е класичен кросовер за гудачки инструменти и електронска музика на познатата тема од деветтата симфонија од Лудвинг Ван Бетовен. Темата е химна на Европа.За композицијата Трајковска го направи комплетниот аранжман. Снимана е во музичкото студио Кларион. Миксот и мастерингот го нарави тон мајсторот Дејан Ангелевски. Главен дигитален онлајн дистрибутер е CD Baby. Композицијата „Ода на радоста“ од Пламенка Трајковска е достапна преку сите онлајн музички мрежи Spotify, Apple music, Amazon, iTunes, Deezer и други.Видеото на спотот го снимаше Дејан Марковски во студио, а фотосесијата ја направи фотографот Константин Калошев. Во спотот покрај виолинистката Пламенка Трајковска во гудачкиот квартет учествуваат и Сандра Крстевска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Видеото може да го погледнете на следниот линк: