Home » „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јанаќијевиќ го затвори 47.ИФФК „Браќа Манаки“

„Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јанаќијевиќ го затвори 47.ИФФК „Браќа Манаки“

by culturalchat

По церемонијата на затворање, последниот фестивалски кадар му припадна на македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, со кинематографија на Дејан Димески. Филмот ја имаше својата македонска премиера на затворањето на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.
Политички трилер со црн хумор, ноќна атмосфера и свет во кој новинарството, политиката и криминалот се премногу блиску еден до друг. Во центарот се двајца новинари и едно видео што може да урне цел систем. Режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кинематограферот Дејан Димески и авторската и продукциската екипа по проекцијата излегоа пред битолската публика. Филмот е претежно снимен ноќе, во автомобил и на локации во и околу Скопје, со визуелен пристап во кој светлото станува дел од самата тензија на приказната.
Последен филм. Последен поклон.
Фестивалот заврши со филм. Како што и треба.
Фотографка | Маја Аргакиева

Related Articles