Home » Директорката на Француската Алијанса во Битола одликувана со орденот „Академски палми“

Директорката на Француската Алијанса во Битола одликувана со орденот „Академски палми“

by culturalchat

Директорката на Француската Алијанса во Битола, Каролина Потел Златевска, е одликувана со „Академски палми“ (Palmes académiques), орден доделен од Амбасадата на Франција.
„Ова признание го доживувам како многу повеќе од лична чест. Тоа е признание за сите години посветена работа, за заедничките идеи, проектите, предизвиците и успесите, но пред сè за луѓето кои беа и се дел од овој пат. Мојата најискрена благодарност до моите колеги, соработници, ученици и пријатели, кои со својата посветеност и поддршка придонесуваат за секој успех. Посебна благодарност до моето семејство и најблиските, кои беа покрај мене и ја споделија со мене оваа посебна емоција. Благодарност до Амбасадата на Франција за оваа висока чест и признание“, истакна таа.

Додаде дека Академската палма ја прима со гордост, но и со чувство дека таа припаѓа на сите кои веруваат во моќта на образованието, францускиот јазик, културата и пријателството. Високото француско признание, орденот, во Битола лично и го врачи амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристоф ле Риголер, а на настанот присуствуваше и почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Фото: Ивона Кочов

Related Articles