Home » Над 160 странци научија и изведоа 7 композиции од македонски автори на Меѓународниот хорски форум во Киргистан

Над 160 странци научија и изведоа 7 композиции од македонски автори на Меѓународниот хорски форум во Киргистан

by culturalchat

Битолчанецот кој повеќе години живее и работи во Скопје, диригентот Сашо Татарчевски диригираше со Симфонискиот оркестар на Бишкек, хорот на националната опера на Киргистан и 6 странски хорови. Се работи за Меѓународен хорски форум кој оваа година се одржа во Бишкек, Киргистан, а на кој Татарчевски е уметнички раководител.„Над 160 странци научија и изведоа 7 композиции од македонски автори. Неколку концерти – свечено отворање, концерт на духовна музика во катедралната православна црква во Бишкек и завршен гала концерт во прекрасната сала на националната опера и балет на Киргистан. Полни аудиториуми.  Досега, на 13 изданија на форумот, огромен број странски хорови научија и на својот репертоар ги ставија над 50 хорски и вокално-инструментални композиции од македонски автори. Освен тоа, научија и за развојот на македонската музика, за македонскиот фолклор, географија и историја“, истакна Татарчевски. Тој додаде дека ќе продолжи и понатаму на ист начин и со уште посилно темпо и поголема одлучност, затоа што има идеја која не се базира на собирање PR поени, туку вистинско промовирање и ширење на нашата прикасна и нашата култура.Сашо Татарчевски е роден во Битола, каде го започнал своето музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје работејќи со професорите Драган Шуплевски, Фимчо Муратовски и Саша Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Има настапувано со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Битола, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, „Солисти на ФМУ“ и други камерни и симфониски состави. Успешно соработувал со многу солисти меѓу кои и имиња како Јеол Еум Сон, Марк Бучков, Пабло Бараган, Емануел Сејсон, Ајман Мусахоџаева, Симон Трпчески и др. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Денови на македонска музика, Интерфест, Скопско лето и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во голем број Европски земји. Во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ-Скопје и диригент на мешаниот хор „Драган Шуплевски“ и камерниот оркестар при ФМУ – Скопје. Повеќе од 20 години работи и со Женскиот младински хор при МКЦ, Скопје. Во 2011та година го оформува професионалниот хор “Про Арс“ кој успешно го раководи и на домашната и на меѓународната сцена. Редовно снима музика за светски продукциски куќи со оркестарот но студиото FAMES како и со хорот „Про Арс“ . Член е на уметничкиот борд на Светскиот младински хор и на неколку жири комисии на интернационални музички натпревари. Исто така, маестро Татарчевски е уметнички раководител на меѓународниот хорски форум.

 

Related Articles