Директорката на Француската Алијанса во Битола, Каролина Потел Златевска, е одликувана со „Академски палми“ (Palmes académiques), орден доделен од Амбасадата на Франција.
„Ова признание го доживувам како многу повеќе од лична чест. Тоа е признание за сите години посветена работа, за заедничките идеи, проектите, предизвиците и успесите, но пред сè за луѓето кои беа и се дел од овој пат. Мојата најискрена благодарност до моите колеги, соработници, ученици и пријатели, кои со својата посветеност и поддршка придонесуваат за секој успех. Посебна благодарност до моето семејство и најблиските, кои беа покрај мене и ја споделија со мене оваа посебна емоција. Благодарност до Амбасадата на Франција за оваа висока чест и признание“, истакна таа.
Додаде дека Академската палма ја прима со гордост, но и со чувство дека таа припаѓа на сите кои веруваат во моќта на образованието, францускиот јазик, културата и пријателството. Високото француско признание, орденот, во Битола лично и го врачи амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристоф ле Риголер, а на настанот присуствуваше и почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
Фото: Ивона Кочов


