Home » На концертот „Ревија на млади музичари“ во Загреб ќе настапи и Анастасија Петреска од Прилеп

На концертот „Ревија на млади музичари“ во Загреб ќе настапи и Анастасија Петреска од Прилеп

by culturalchat

На 4.ноември во Малата сала на „Ватрослав Лисински“ во Загреб, ќе настапат и млади македонски музички таленти како дел од концертот „Ревија на млади музичари“ – циклус Музички патеки: Сакам, сакам, сакам. Меѓу нив и Анастасија Петреска, поранешна ученичка на Државното музичко училиште во Битола, која беше во класата на проф. д-р Татјана Божиновска.Анастасија Петреска е родена во 2006 година во Прилеп, Република Македонија. Своето музичко образование го започнува на шестгодишна возраст во Основното музичко училиште во Прилеп, каде што пијано изучува во класата на проф. Кире Гаралоски, а го завршува во класата на проф. Христина Никоска. Средното музичко образование го продолжува во Државното музичко училиште во Битола, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска, каде што матурира со особен успех и добива признание од училиштето за своите постигнувања. Во текот на своето музичко образование учествува на бројни концерти, семинари и натпревари од државен и меѓународен карактер, освојувајќи повеќе од дваесет специјални, први, втори и трети награди. Нејзините натпреварувачки успеси се остварени на натпревари во Македонија, други земји од Балканот, како и во Италија и Шпанија. Своето пијанистичко образование го надградува преку учество на бројни семинари и мајсторски курсеви кај истакнати пијанисти и педагози, меѓу кои се проф. емеритус Владимир Крпан,  Катарина Крпан, Симон Трпчески, Александар Сердар, Марија Ѓошевска, Масимилијано Ферати, Федерико Џинело, Рита Инка, Карл Андреас Коли, Туту Ајдиноглу и Бертранд Жиро. Во 2024 година настапува како солистка со Македонската филхармонија, изведувајќи го Концертот за пијано и оркестар бр. 20 во д-мол, KV 466, од Волфганг Амадеус Моцарт. Во 2025 година се запишува на Музичката академија при Универзитетот во Загреб, каде што моментално студентка на втора година пијано, во класата на проф. Катарина Крпан. Покрај Анастасија дел од концертот се и Матеа Стојаноска, Евелин Миличиќ, Вице Крпан, Михаел Мажуран, Ана Цоњар, Матеј Маркулиќ, Младинскиот камерен оркестар ЗОКОР Загреб под диригентска палка на Фрањо Билиќ.

 

 

Related Articles