Home » Директорот на Џез фактори фестивалот, Сашо Поповски дел од меѓународниот фестивалски совет во Краков, Полска

Директорот на Џез фактори фестивалот, Сашо Поповски дел од меѓународниот фестивалски совет во Краков, Полска

by culturalchat

Директорот на Џез фактори фестивалот, проф. Сашо Поповски го претставува своето второ учество како член на International Partners Council на 50 издание на Jazz Juniors – Kraków, Poland, каде што од 1 до 5 октомври ќе има можност да биде дел од меѓународниот фестивалски совет.
„За мене, ова учество не е само лична чест, туку пред сè можност за претставување на македонската џез сцена, Битола и нејзиниот културен потенцијал пред меѓународната џез заедница. Како директор на Jazz Factory Festival – Bitola, продолжувам да работам на создавање мостови меѓу македонските музичари и меѓународната џез сцена – преку соработка, размена, вмрежување, нови партнерства и отворање можности за развој и промоција на македонските уметници“, истакнува Поповски.
Посебен фокус во Краков ќе биде и презентацијата на Националната Џез Платформа на Македонија – иницијатива насочена кон поврзување на македонските џез музичари, музичката академија при УГД Штип, фестивали, институции и организации, како и нивно поактивно вклучување во европските и меѓународните џез мрежи.
Од Битола до Краков.
Од Македонија кон Европа и светот.
Од фестивалска сцена кон нови партнерства и можности.
„Верувам дека македонскиот џез има што да понуди на меѓународната сцена – со својот талент, креативност, авторски израз и енергија. Jazz Factory Festival продолжува да гради мостови. За македонскиот џез да биде слушнат, препознаен и поврзан со светот“, додава Поповски.

Related Articles