Значајно внимание на „Илинденски денови“ секоја година привлекуваат „Вечерите на традиционална музика и игра“, како и „Фолклорните прошетки низ светот“. Така и оваа година, платото на Офицерскиот дом е местото кое изобилуваше со шаренило од бои и звукови, фолклорни игри и танци со ансамблите од Македонија и странство.
Во рамки на фестивалот, во организација на НУ Центар за култура Битола и претставници на светската организација на фолклорни фестивали ЦИОФФ беа одржани стручни предавања за развојот на фолклорот во светот.
фото: Сашо Ставрев







