Home » „Музичка бајка“ со Кристијан Антовски и Елена Сиљановска во Битола

„Музичка бајка“ со Кристијан Антовски и Елена Сиљановска во Битола

by culturalchat

Во среда, 01.07.26., со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Офицерскиот Дом во Битола, ќе прозвучи една убава „Музичка бајка“. Бајковитата музичка приказна ќе биде раскажана од оперскиот уметник Кристијан Антовски преку својата препознатлива вокална драматика во гласот и колоритна баритонска боја, заедно со пијанистката Елена Сиљановска која ќе го придружува со своите раскошни ноти на пијаното кои секогаш ги носи на еден посебен и специфичен начин. Освен раскошните ноти пијанистката Сиљаноска ќе биде задолжена и преку убав збор и краток опис за самите комозиции и автори да ја доближи “Музичката бајка” на еден посебен начин до самата публика. Оваа класична бајка ќе биде спој на повеќе епохи и изведба на композиции напишани од најголемите класични композитори од целиот свет така и од Македонија.

Related Articles