Home » Градинката „Бамби“ во Новаци одбележа 5 години постоење

Градинката „Бамби“ во Новаци одбележа 5 години постоење

by culturalchat

Во дворот на градинката „Бамби“ во Новаци беше одбележан значаен јубилеј – 5 години од нејзиното постоење. На настанот присуствуваа бројни родители, гости и пријатели на градинката, а свое обраќање имаше и градоначалникот Стевче Стевановски, кој ја истакна важноста на вложувањето во најмладите и создавањето квалитетни услови за нивен раст и развој.
Секако, дечињата од градинката, беа во центарот на вниманието. Тие подготвија богата програма исполнета со песнички, игри и весели изведби, кои предизвикаа многу аплаузи и емоции кај присутните. Насмевките и детската радост уште еднаш потврдија дека градинката е место каде се создаваат убави спомени. Настанот помина во прекрасна атмосфера, исполнета со дружење, смеа и позитивна енергија, достојно одбележувајќи го овој значаен јубилеј.

Related Articles