Home » Бесплатно гледајте го онлајн „Мајки“ на Милчо Манчевски

Бесплатно гледајте го онлајн „Мајки“ на Милчо Манчевски

by culturalchat

По повод Денот на жената, 8.март филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, бесплатно може да се гледа онлајн на вимео. Светската премиера на „Мајки“ беше на фестивалот во Торонто, а европската во престижната програма „Панорама” на Берлинале. Филмот, добитник на неколку меѓународни награди, беше и македонски кандидат за Оскар. „Мајки” беше вброен меѓу 40-те најдобри филмови во Европа од страна на комисија на Европската филмска академија. Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Диме Илиев, Димитар Ѓоргиевски, Марина Поп-панкова, Горан Трифуновски. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, монтажер Жаклина Стојчевска, композитор Игор Василев Новоградска, а продуцент Кристина Калас. Филмот беше претставен и пред публиката на 40-тина фестивали, меѓу кои и: Сао Пауло (Бразил), Истанбул (Турција), Корк (Ирска), Мадеира (Португалија), Минск (Белорусија), Мадрид (Шпанија), Сиракјуз Њујорк (САД), Утрехт (Холандија) и други. Македонско-француско-бугарската копродукција, го отвори и филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во 2010 тата година. Ова остварување ја отвори манифестацијата со својата премиера, означувајќи значаен момент за македонската кинематографија на овој реномиран фестивал.

 

 

 

 

Related Articles