Home » Младински креативен конкурс за дизајн на маица дел од Креативниот ден

Младински креативен конкурс за дизајн на маица дел од Креативниот ден

by culturalchat

„Креативниот ден“, препознатливиот настан во Битола во организација на Божиловиќ продукција во соработка со ЕАМ , текстилната компанија од Штип, го започна новиот младински креативен конкурс за дизајн на маица, наменет за средношколци кои сакаат преку визуелен израз и порака да го претстават својот став, идентитет и креативност. Конкурсот им дава можност на учениците:
– да создадат авторски дизајн со сопствена порака
– да бидат јавно претставени
– да стекнат вредна референца за своето портфолио.

Право на учество имаат ученици од средни модно-текстилни училишта од целата држава.

– Направи уникатен дизајн, кој ќе пренесе некоја порака или едноставно ќе биде естетски и визуелно специфичен и интересен
– Финалниот дизајн (во било каков формат), со име и презиме на ученикот и училиштето од каде што доаѓа, се испраќаат на nikola@eam.com.mk 
Конкурсот трае од 1 март до 1 април 2026 година, а пристигнатите трудови ќе ги оценува стручно жири.
Победникот на конкурсот ќе добие:
– 30 маички со реализиран сопствен дизајн,
– Признание, врачено за време на Креативен Ден 2026,
– Едукативна посета на фабриката на ЕАМ, каде што ќе има можност да го следи целиот процес – од предиво до финален производ, на едно место.

„Ваквите иницијативи се вистинска можност младите креативци да го почувствуваат предизвикот на натпреварувањето, да излезат со свој став и да добијат чувство дека некој го вреднува нивниот труд и талент. Конкурсите не се само награди – тие се самодоверба, храброст и прв чекор кон професионално докажување. Ги охрабрувам сите средношколци да учествуваат. Вашата креативност заслужува сцена“, истакна Весна Божиловиќ од Божиловиќ продукција, организаторот на Креативниот ден.

Стручно жири составено од КД. и ЕАМ ќе ги разгледува цртежите и ќе одбере победник кој ќе биде поканет како специјален гостин на КРЕАТИВЕН ДЕН 2026 покрај наградата за освоено прво место (Признание, 30 маици со сопствениот дизајн и посета на текстилната компанија). Креативниот Ден 2026 Битола, оваа година ќе се одржи на 28.04 а темата на која младите креативци ќе работат е „Филм“. Настанот ја обединува најсилната млада модна енергија во земјата и го презентира потенцијалот на новата генерација модни креативци. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови, ќе учествуваат во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден настан, каде што младите дизајнери работат рамо до рамо со професионален дизајнер-ментор и Дама која ја носи и презентира нивната креација на ревијата.

 

 

Related Articles