Илинденски денови, секоја година го прошируваат форматот на претставување на народната култура. Освен препозналивите концерти, танци, работилниците, етнографските филмови и изложби, на општо задоволство се задолжителен дел од програмата.
Ретки везови, раритетни фустани, рачни изработки на народни носии го красат Офицерски . Вештите раце на жени од Венецуела, Порторико, Грција, Грузија, Унгарија, Холандија и од Словачка, на македонската јавност и ги презентираа народните носии и поводите кога тие се носат во нивните земји. Изложбата на народни носии од интернационалните ансамбли, гости на фестивалот „Илинденски денови“ Битола, КИЦ Офицерски дом Битола е можност да се видат детали, бои и карактеристики од географското потекло на носителот. Точката на поврзување е тука, ова е духот на нашите и ваши „Илинденски денови“, посочи Сашо Илковски, во име на организаторот на фестивалското издание што е во тек на ова Битолско културно лето. Среќните лица на гостите од повеќе европски држави не го криеја задоволството што престојуваат во Битола, град со богато културно историско минато.
Фотографии: Сашо Ставрев

