Home » Владимир Трајанов од Струмица победник на Конкурсот на Креативен ден и ЕАМ

Владимир Трајанов од Струмица победник на Конкурсот на Креативен ден и ЕАМ

by culturalchat

Оваа година „Креативниот ден“, препознатливиот настан во Битола во организација на Божиловиќ продукција и СОУ. „Таки Даскало“, во соработка со ЕАМ , текстилната компанија од Штип, го одржа новиот младински креативен конкурс за дизајн на маица, наменет за средношколци кои сакаат преку визуелен израз и порака да го претстават својот став, идентитет и креативност. Конкурсот им даде можност на учениците:
– да создадат авторски дизајн со сопствена порака,
– да бидат јавно претставени,
– да стекнат вредна референца за своето портфолио.

Право на учество имаа ученици од средни модно-текстилни училишта од целата држава. Пристигнатите трудови ги оценуваше стручно жири составено од КД. и ЕАМ кои ги разгледуваше цртежите и избра победник кој беше специјален гстин на КРЕАТИВЕН ДЕН 2026, покрај наградата за освоено прво место (Признание, 30 маици со сопствениот дизајн и посета на текстилната компанија). Па така победник беше Владимир Трајанов од Струмица, роден 2010год. Тој учи за Техничар за дизајн на облека во СОУ „Никола Карев“.

„Во иднина мојата желба е да бидам моден креатор, дизајнер и да имам свое ателје. Мојот план е да започнам со својот бренд со наградата од EAM“, ни рече Владимир.Сопствениците на ЕАМ, Александар и Марија Патриклиски, (која минатата година беше една од Дамите во соработка со училиштето од Штип) и нивниот син Никола задоволни од соработката со Креативниот ден.

„Соработката која ја имаме развиено овие две години со Креативен Ден ни значи многу поради концептот и симбиозата помеѓу нас како текстилна индустрија и Креативен Ден како склоп на сите текстилни училишта во државата.Веќе ни е еден од проектите во нашиот календар на кој се радуваме најмногу“, изјавуваат од ЕАМ.

Настаните како овој и Конкурсот кој произлезе од соработката, се од особено значење за младите.
„Со оглед на тоа колку многу пријави добивме ние , и колку многу труд гледаме во креациите на самиот настан , сигурни сме дека иако и ние се радуваме на ова, младите уште повеќе. Огромен предизвик преставуваше селекцијата, бидејќи станува збор за креативни дела со различни пораки , но со многу внимание и спремни критериуми стигнавме до најдоброто дело“.Од друга страна Весна Божиловиќ од Божиловиќ продукција, истакна: „Ваквите иницијативи се вистинска можност младите креативци да го почувствуваат предизвикот на натпреварувањето, да излезат со свој став и да добијат чувство дека некој го вреднува нивниот труд и талент. Конкурсите не се само награди – тие се самодоверба, храброст и прв чекор кон професионално докажување“.

Темата за Креативниот Ден 2026 Битола, оваа година беше„Филм“. Настанот ја обедини најсилната млада модна енергија во земјата и го презентираше потенцијалот на новата генерација модни креативци. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови, учествуваа во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден настан, каде што младите дизајнери работеа рамо до рамо со професионален дизајнер-ментор и Дама која ја носеше и презентираше нивната креација на ревијата.

Дизајнот на победничката маичка со натпис: Пронајди сродна, во свет продадени души, изгледаше вака:

 

 

Related Articles