31 година Де Ниро создава квалитет и доверба. Три децении е симбол на традиција, успех, врвна услуга, беспрекорна посветеност и незаборавни моменти во гастрономијата. Со истата страст и професионалност продлжуваат да ја градат својата приказна вложувајќи во квалитет, иновации, грижа и одговорност за заедницата.
„Благодарение на овој тим, како и на сите вас кои секојдневно ни ја давате довербата“, велат сопствениците Драги и Силвана и додаваат: „ Велат годините се само бројка, но тие се и показател на посветеноста,истрајноста, тимската работа, трудот но најважно од се ЉУБОВ кон храната. Горди на секој настан и секој оброк направен до сега, продолжуваме да растеме и да создаваме уште многу убави вкусови. Продолжуваме со истата страст како и првиот ден“.
Приказната на Дооел Марио Матео под брендот Де Ниро во Битола започна на 1. декември 1994 год. Основачи – Силвана и Драги Филевски. Започна со 5 масички и 5 вработени во Нова Битола. За кратко време стана омилено место на Битолчани со позитивниот и љубезен пристап на вработените и тогаш револуционерното мени на италијанска храна прилагодена на овие простори. За три години пицеријата Де Ниро се сели во центарот на градот, за во 1999 година познатиот архитект Драган Ангелковиќ да го дизајнира денешниот лик на Де Ниро на Кирил и Методиј бр. 5.
Сиренцето Де Ниро од фурна (1994 год.) на Драги Филевски и питата Де Ниро (2002 год.) на Пеце Стаматовски стануваат зашититен знак на Де Ниро и магнет за многу гости.
Во 2007 година стартува Меѓународната колонија Де Ниро спонзорирана од Дооел Марио Матео. Во колонијата Де Ниро досега имаат учествувано преку 300 автори од повеќе од 25 земји. Исто така, Колонијата Де Ниро има направено повеќе од 50-тина изложби во Македонија и надвор од неа. По долгогодишно работење со медитеранска кујна, кетеринг за големи настани и мобилен кетеринг за филм, во 2012 година тотално се фокусира на индустриски кетеринг преку компанијата Кромберг и Шуберт во Битола.
Од 2023 година Дооел Марио Матео изгради модерен центар за кетеринг, најголем во регионот. Опремен со најсовремена технологија за обработка и приготвување на храна кој се наоѓа на излезот од Битола – Краварски пат. Дооел Марио Матео е копманија која под своето име вбројува професионално обучен тим, посветен да излезе во пресрет на потребите на компанијата. Овој тим вкучува повеќе од 140 вработени распределени на различни позиции. Успехот на компанијата е способноста за служење на голем број разновидни оброци во краток временски период и притоа да обезбеди квалитетно, безбедно, ефикасно и навремено производство и доставување на храна и услуги. Дооел Марио Матео целосно го почитува мислењето на корисниците на нашите услуги и преку анализи и истражувања ѓи идентификува потребите на корисниците со цел да се менува, дополнува и збогатува менито, следејќи ги најновите диетски трендови.

