Во рамките на фестивалската магија на Интерфест, култната македонска класика, „Чорбаџи Теодос“, блесна со сиот свој сјај на сцената на Народен театар Битола. Безвременскиот текст на Васил Иљоски доби нов, динамичен и исклучително свеж ритам низ смелата режисерска визија на Дамјан Димовски. Впечатливиот визуелен идентитет создаден од сценографот Валентин Светозарев и костимографот Благој Мицевски понуди врвна естетска димензија на сцената. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Многу смеа и долг, искрен аплауз кој уште еднаш докажа зошто оваа претстава останува вечно актуелна.
Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Анастазиа Христовска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.
📸 Фотограф: Искра Талевска



