Home » Танцов предизвик „Мостови на пријателство“

Танцов предизвик „Мостови на пријателство“

by culturalchat

Во Битола се одржа завршниот настан од јавниот конкурс за меѓуучилишен танцов предизвик што го организираше Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, а кој се реализира во рамките на солидарниот проект „Мостови на пријателство“.
Овој предизвик не е само натпревар по танц, туку беше покана за дружење, поврзување и создавање пријателства меѓу младите од различни етнички и социјални заедници во Битола. Преку движење, музика и заедничко творење, младите добиваат простор да се запознаат, да се изразат и да покажат дека различноста може да обединува, а не да разделува. Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакнувајќи ја важноста на ваквите манифестации каде што танцот е универзален јазик, а јазикот не познава предрасуди, гради доверба и создава мостови таму каде што порано имало поделби. Учествуваа ученици од основните училишта.

Најуспешните кои преку танцот испратија јасна порака за пријателство, заедништво, толеранција и надминување на стереотипите беа наградни со прва, втора и трета награда. Солидарниот проект „Мостови на пријателство“ е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.

Related Articles