Во дворот на Пацио на НУ Завод и Музеј Битола, во рамките на БИТ ФЕСТ 2026, се одржа четвртото издание на C-PURE TRIBUTE, хуманитарен настан посветен на Кире Чипуровски – Чипуро, култен лик од битолската урбана сцена. Настапија: диџеите Nikola Kunich, Danny_L, Alex Nova и Herzel. Традиционалниот собир ги обедини членовите на семејството, роднините, пријателите и љубителите на музиката, а програмата беше исполнета со музички настапи и дружење во препознатливата атмосфера на Пацио.
„Чипур Трибјут“ низ годините прерасна во препознатлив настан кој го негува споменот на Кире ЧипурО и претставува можност за заедничка средба на сите кои биле дел од неговиот живот и пријателски круг.
фото: Сашо Ставрев


