Home » Женскиот клуб Inner Wheel Skopje Europea одбележува 10 години постоење

Женскиот клуб Inner Wheel Skopje Europea одбележува 10 години постоење

by culturalchat

Женскиот клуб Inner Wheel Skopje Europea со низа активности ја прославува првата деценија од своето основање. Средствата собрани од оваа хуманитарна прослава ќе бидат наменети за донација на инфузиона пумпа за Детската клиника на одделот за хематологија и онкологија. Во рамките на прославата ќе биде потпишан и Меморандумот за збратимување и поблиска соработка со истородниот клуб од Гирне, Северен Кипар. Овој женски клуб е познат по своите хумани граѓански акции, донации и проекти, кои ги организираат не само во Македонија, туку и меѓународно. Годинава го одбележуваат Меѓународниот ден на толеранцијата со панел дискусија на тема Сребрена револуција – борба против “ејџизмот“ кај жените, стареењето и прифаќање на секоја брчка. Трибината ќе се одржи на 20.ноември од 18.00 часот во Кинотеката на Р. Македонија, а панелисти ќе бидат Татјана Николовска Манева, Станислав Петковски, Катица Најков и Тања Алексиќ. Модератор ќе биде Гена Теодосиевска, а членките од клубот најавуваат и гостин-изненадување. Влезот е слободен.

 

Related Articles