Home » Борче Наумовски одбележа 30 години кариера со спектакуларен концерт во Хераклеја

Борче Наумовски одбележа 30 години кариера со спектакуларен концерт во Хераклеја

by culturalchat

Пејачот Борче Наумовски одржа спектакуларен концерт во античкиот локаитет Хераклеја во Битола, по повод 30 години успешна кариера на естрадата. На самиот концерт тој истакна:

„По подготовки повеќе од половина година тука во Хераклеја го славам најголемиот роденден во мојата кариера – 30 години постоење на естрадата. Бидејќи славиме три децении, сè ќе биде во знакот на бројот 30, ќе испееме јас и моите гости 30 песни, имаме 30 тапани на сцена, 30 играорци, па дури и на миксетата нашиот тон-мајстор Миодраг Нечак ќе “отвори“ точно 30 канали за музичарите. Бидејќи се е во знакот на бројот 3 вечерва тука не’ има околу 3.000 луѓе во публика, што е сериозна бројка за наши услови“.Водителка на концертот беше Ирена Спироска, која за славеникот рече:

„Борче Наумовски карирерата ја започнува до 1997 година, а досега има издадено четири студиски албуми. Свири на хармоника и гитара, а започнал музички да се школува на 7 години во Државното музичко училиште во Битола. Неговата прва касета е во продукција на тогашната Македонска радио-телевизија. Борче го има и новиот проект, новиот албум the best of me, 30 години на естрадата собрано се во едно. Борче е единствен “министер“ кој никој не може да го разреши, и останува секогаш министер на сцената“.

Пред месец дена Наумовски промоовираше нов видео запис „Моја љубов, моја судбина“, како што ќе го наслови и албумот. Пред битолската публика за првпат ја испеа песната “Битолските чупиња“. Гости на концертот беа Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Кате и Трајче Соната и Миле Кузмановски, кои не го криеја задовоството да настапат во Битола и да бидат дел од големиот концерт на Борче Наумовски. Иако роден во Сиднеј, Австралија, Наумовски останува голем патриот и во насока на зачувување на македонската традиција, песни и ора на сцената покани и 30 играорци од КУД “Илинден“ и 30 тапанџии кои ја импресионираа публиката, која остана скоро до полноќ во Херакјеја. Борче Наумовски – Министерот концертот го заврши со песни за Македонија, со битолски серенади и секако со “Ако одам во Битола“, а една серенада испеа во чест на битолската музичка легенда – Боцкино, како рече, негов прв учител. На концертот се појави и големиот оркестар кој го придружуваше Наумовски во живо на чело со професор Кирил Стојчевски, долгогодишен соработник и близок пријател на пејачот кој низ годините се консултира со него за неговото творештво и има напишано повеќе песни за него. На сцената беше состав од 17 изведувачи од сите музички секции – вклучувајќи гудачи, дувачи, хармоники, гитари и придружни вокали. Во чест на големиот јубилеј на Наумовски беше испукан и голем огномет. Борче Министерот продолжува понатами да создава, твори, реализира и забавува. Ќе се движи кон нови јубилеи.

Фото и инфо: Радио мрежа 89 Битола

Related Articles