Од 11 до 13 септември 2026 година, во Магазата во Битола, љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја посетат самостојната изложба на младата Вероника Кочов, насловена „Која е Супердевојката?“.
Преку своите дела, Вероника ја претставува сопствената уметничка визија и отвора една искрена и интересна приказна раскажана преку боја, портрет и личен израз.
Изложбата е во организација на Порака Нова и НУ „Завод и музеј“ – Битола, кои со овој настан ја отвораат Магазата за една поинаква и вредна уметничка приказна.
Магаза – Битола
11–13 септември 2026, 13.00ч.
Да ја поддржиме уметноста која зборува искрено и луѓето кои преку неа го покажуваат својот свет.
Самостојна изложба на Вероника Кочов „Која е Супердевојката?“ во Битола
previous post
