Home » Изложба на книги во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод Денот на македонскиот јазик

Изложба на книги во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод Денот на македонскиот јазик

by culturalchat

По повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола поставена е изложба на книги и периодични списанија посветени на македонскиот јазик, неговата историја и кодификација. На овој значаен датум, 5 мај 1945 година, официјално е објавена и озваничена македонската азбука со донесувањето на Решението за македонската азбука. Кодификацијата на македонскиот јазик започнува со Одлуката на АСНОМ од 2 август 1944 година. Потоа, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија, е усвоена азбуката, а на 7 јуни истата година и правописот на македонскиот јазик.Особено значајни се и темелните дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески – „Граматика на македонскиот јазик“, „Речник на македонскиот јазик“ и „Историја на македонскиот јазик“, со кои се заокружува процесот на кодификација. Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик – столбот на нашиот идентитет, нашиот духовен дом и нашето трајно наследство.

Related Articles