Изложбата „Антропос“ на професори од Универзитетот во Шлезија, Полска, ќе биде поставена денес со почеток во 18:00 часот, во просториите на КИЦ Битола – Офицерски дом. Ова е комплексна меѓународна ликовна излоба како дел од проектот: „Простори на уметност: Природа – Култура – Човештво“. Организирана од: Институт за ликовни уметности, Факултет за уметност и образовни науки во Чешин, Универзитет во Шлезија во Катовице, Полска.
Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Шлезија е еден од најзначајните универзитети во полска со меѓународно афирмативно значење од и радиус. Досега им реализирано и низа ликовни претставувања во во странство, со што има воспоставено многу значајни меѓународни творечки контакти со светот. Покрај тоа е и еден од најзначајните претставници на европскиот проект – Алијансата Transform4Europe! А воедно има воспоставено и директна соработка со десет европски универзитети работејќи на создавање меѓународен мобилен универзитет. Изложбата во Битола е вклучување во ова значајно културно и творечко вмрежување со што нашиот град и Културен и информативен центар- офицерски се вклучуваат во овој значаен меѓународен културен и творечки проект.
На изложбата учествуваат скоро сите професори од овој универзитет кои и се значајни меѓународни ликовни творци: Tomasz Chudzik, Adam Czech, Hanna Grzonka-Karwacka, Agnieszka Jaworska, Wiktoria Kaczmarek, Kamila Kasperowicz, Kacper Kościółek, Anna Krasnodębska, Maria Antonina Mazurek, Aleksander Ostrowski, Wiesława Ostrowska Krzysztof, Pasztuła Ryszard Pielesz, Maciej Rękosiewicz, Aneta Sadowska Justyna, Stefanczyk Felicjan Wójcik. Организатор на изложбата од Полска е Адам Чечх еден од поистакнатите полски уметници со високо меѓународно творечко реноме. Со голем број меѓународни изложби како и со бројни и истакнати меѓународни награди и признанија во областа на графичкото творештво.
Самата манифестација поставена во Културниот и информативен центар- Офицерски во Битола е истакнато и афирмативно претставена во Полска како еден од позначајните ликовни настани во овој период во Македонија. Овој значаен и исклучителен ликовен меѓународен настан во нашиов град е организиран по иницијатива на Владо Ѓорески, кустос советник во рамките на интензивните комуникаци со Меѓународното графичко триенале – Битола, Меѓународното биенале на минијатурна уметност- Битола и Универзитетот во Шлезија како и Културен и информативен центар- офицерски со што Битола е веќе вброена во мапата на поистакнатите европски ликовни центри и тоа не само како простори на ликовно претставување и излагање туку и како сериозни центри на одвивање значајни меѓународни актуелни ликовни корелации во сите домени и аспекти.
