Home » Изложба во НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола по повод Денот на независноста на Македонија

Изложба во НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола по повод Денот на независноста на Македонија

by culturalchat

Оваа година се одбележува уште еден значаен јубилеј, 35 години државност, слобода и паметење. Одбележуваме 35 година самостојна, независна Македонија. Три и пол децении се период во кој нашата држава се гради, се создава и го испишува својот пат. 8 септември останува запишан како еден од најзначајните датуми во современата историја на Македонија – симбол на слободата, државноста и правото на сопствен пат. Тоа е историски чин со кој започна ново поглавје во современата македонска државност.
„Оваа изложба претставува своевидно патување низ времето, време запишано низ книгите, весниците.Сведоштва кои го отсликуваат периодот на создавањето и развојот на независната македонска држава. Од историските настани и политичките процеси, преку културниот и општествениот живот, до значајните личности и моменти кои го одбележаа изминатиот период, изложбата ја раскажува приказната за една држава која веќе 35 години го гради својот современ идентитет. Затоа, оваа изложба не е само потсетување на минатото, туку и можност за негово повторно читање од перспектива на сегашноста. Триесет и пет години независност се 35 години историја, предизвици, достигнувања, култура, јазик, традиција и траење.
Нека оваа изложба биде потсетник дека државата не ја сочинуваат само нејзините граници и институции. Ја сочинуваат луѓето, нивната меморија, нивната култура, јазикот, книгата и наследството што го оставаат на идните генерации“, истакнуваат од НУУБ. „Св.Климент Охридски“, Битола.
35 години независна Македонија.
35 години сопствен пат.
35 години приказна што продолжува да се пишува.

Related Articles