Во низата на награди и признанија, КУД Илинден од Битола впишува уште едно, второ место на Светскиот натпревар во фолклор „World Folk Dance Competition“, во Истанбул, Турција и парична награда од 3.000 долари во категоријата автентичен фолклор.
На фестивалот, кој се одржуваше од 13 до 19 јули, учествуваа 41 фолклорна група, од кои 21 се натпреваруваа во категоријата автентичен фолклор, а 20 во категоријата стилизиран фолклор. Во оваа силна меѓународна конкуренција, првото место го освои Република Башкортостан (Русија), а третото место му припадна на Црна Гора. Во категоријата стилизиран фолклор, првото место го освои Градскиот професионален ансамбл „Тракија“ од Пловдив, Бугарија, второто место ѝ припадна на Белорусија, додека третото место го освои Државниот ансамбл на Грузија. Ова признание е потврда дека македонската песна, игра и традиција продолжуваат достоинствено да се претставуваат и да оставаат силен впечаток на меѓународната сцена. КУД „Илинден“, ја претстави Македонија преку автентичните народни ора, песни и традиционални носии, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на успешни настапи на меѓународната сцена, па така ги претставија: женската ороводна песна „Седело Ѓуре“, машкото оро „Копачка“, сценската адаптација на м-р Љупка Стефановска, „Русински мегдан“.
Снимката од прогласувањето на резултатите и второто место за КУД Илинден на следното видео кое членовите на КУД Илинден ни го пратија од Турција.
А снимката од радоста на членовите погледнете ја преку оваа снимка.
