За време на Интернационалниот фестивал на кратки филмови – Александрија, во Центарот за култура – Битола публиката има можност да ја посети изложбата на фотографии од Фотографскиот оддел на Киниматодрасис, насловена „Балканот низ мојот објектив“.
Црно-белите фотографии носат поглед кон Балканот низ различни лица, моменти, традиции и секојдневни приказни – забележани низ објективот на фотографите. Изложбата може да ја посетите и денес од 18 часот, во Фоајето -Мала сала.
Изложбата е дел од програмата на 11. Интернационален фестивал на краток филм – Александрија.
