Home » Битолски театар со „Кокошка“ вечер во Драмски театар во Скопје

Битолски театар со „Кокошка“ вечер во Драмски театар во Скопје

by culturalchat

Претставата „Кокошка“ на Битолскиот театар, вечер ќе биде изведена по 95 пат, токму на сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција. Оваа претстава носи свет во кој апсурдот и реалноста се мешаат до точка на непријатна препознатливост, а ликовите чекорат по тенка линија меѓу смешното и болното. „Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и апсурди. Со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, оваа претстава ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. Комедијата на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе. Кољада не нуди утеха, но нуди нешто повредно – искрен поглед во човекот, без маски и без изговори. Театар што провоцира, забавува и остава трага. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Ова е вечер за гласна смеа, добра енергија и театар што се памети.

Related Articles