Home » Швеѓанката Лорин е победничка на 67.издание на Евровизија

Швеѓанката Лорин е победничка на 67.издание на Евровизија

by culturalchat

Со победата таа стана втор изведувач во историјата кој двапати победил на Евровизија. Лорин ја воодушеви публиката со хит песната „Тетоважа“ и собра импресивни вкупно 583 поени.

Ова е нејзина втора победа на натпреварот, откако победи за Шведска во 2012 година со песната „Euphoria“. Со вчерашната победа таа стана втор изведувач во историјата кој двапати победил на Евровизија. Досега тоа го има направено само ирскиот кантавтор Џони Логан, кој победи во 1980 и 1987 година.

На големото финале на 67-то издание на Евровизија кое се одржа во Ливерпул се претставија 26 земји учеснички. И покрај тоа што не го освои првото место, Финска се покажа како миленик на навивачите и го обезбеди второто место со импресивни 526 бодови. Силен настап имаше и Израелецот Ноа Кирел кој заврши на третото место.

Македонија оваа година не учествуваше на Изборот за песна на Евровизија 2023.

 

 

Related Articles