Home » Тијана Дапчевиќ со „Менопауза“ го отвора 27.издание на Фестивалот на монодрама во Битола

Тијана Дапчевиќ со „Менопауза“ го отвора 27.издание на Фестивалот на монодрама во Битола

by culturalchat

Монодрамата е најинтимната форма на театарот –еден актер, една сцена и една приказна што се открива пред публиката, без маска и без засолниште. Годинава, Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола го носи мотото „Огледало на вистината“ – идеја што ја допира самата суштина на оваа уметничка форма. Сцената станува простор на одраз, каде што се огледуваат човечките судбини, дилеми и искуства. Во тој одраз, публиката не препознава само лик, туку и дел од сопственото битие. Во текот на фестивалските вечери, актери од различни земји и култури ќе ги споделат своите уметнички визии, создавајќи мозаик од искрени, длабоки и силни сценски сведоштва.Со популарната претстава „Менопауза“, по текст на Данило Вукотиќ, режија на Раде Вукотиќ, а во која игра Тијана Дапчевиќ, свечено ќе биде отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во НУ Центар за култура – Битола, на 23.април со почеток од 20 часот. Во описот на претставата стои:„Ова е менопауза, сурова, жешка и не знае како да направи пауза. Урнебесен стендап што ги отвора сите теми што жените обично ги шепотат – но сега ги кажуваат гласно, духовито и бесрамно. Тијана Дапчевиќ – во улога на жена во менопауза, без влакна на јазикот (но со неколку нови на брадата). Станува збор за секс, ПМС кој не одлучил дали доаѓа или си оди, љубовници кои не знаат каде е лубрикантот и сопрузи кои имаат кризи на средни години. Ако сте жена-ќе се препознаете себеси.Ако сте маж-ќе ја разберете ситуацијата, (или барем ќе научите кога да бегате).

Ако имаш вентилатор-донеси го. Ќе биде жешко, автентично, сурово, неподносливо духовито и смешно.

 

Related Articles