Home » Промоција на првата збирка песни „Чувства на хартија“ на Николче Миланоски

Промоција на првата збирка песни „Чувства на хартија“ на Николче Миланоски

by culturalchat

На 22. мај со почеток од 19 часот, во Н.У.Ц.К. Кочо Рацин – Кичево, ќе се одржи промоцијата на првата збирка песни „Чувства на хартија“ на авторот Николче Миланоски.

„Зборови од животот.
Емоции претворени во стихови.
Мисли што останале на хартија“.Настанот е дел од културната програма во градот, а збирката претставува прво самостојно поетско издание на Миланоски. На промоцијата се очекува присуство на љубители на поезијата, како и претставници од културниот сектор. Збирката песни насловена „Чувства на хартија ” се состои од 60 (шеесет) песни создадени во текот на неколку години.
Во нив се собрани лични чувства,искрености и моменти од секојдневието претворени во стихови. Книгата е издадена од издавачката куќа Ирис Струга.„Поезијата отсекогаш била тивок разговор помеѓу човекот и неговата душа. Понекогаш зборовите доаѓаат лесно, а понекогаш долго остануваат скриени во мислите, додека не го пронајдат својот пат кон хартијата“, вели авторот Миланоски.
Рецензент и промотор на збирката е писателката Оливера Ширговска. Настанот е составен дел на програмата Кичево – Град на културата, поддржан од Општина Кичево и Министерството за култура. Една недела претходно на 15-ти мај, публиката ќе може да го види авторот Николче Миланоски и како еден од учесниците во Алманахот од 17 кичевски автори.

 

 

 

 

 

 

 

Related Articles