Краткиот игран филм во режија на Бранко Попчевски ја доби наградата за најдобар креативен краток филм на филмскиот фестивал Халикарнасус во Бодрум и награда за најдобар експериментален краток филм на фестивалот Бест Истанбул Филм Фестивал.
Во филмот главната улога ја игра Тони Денковски.
„Овој филм немаше ни приближно да биде толку успешно дело без учество и поддршка од доајените на македонското глумиште: Гоце Тодоровски, Душица Стојановска, Крсте Јовановски, Александар Шехтански и Љупчо Ангеловски. Без врвните актери од младата и средна генерација: Зорица П. Панчиќ, Катерина Шехтанска, Елизабета Клинчаревска, Дарко Вељиќ, Мартин Минговски, Марко Богдановски и Виктор Арсов. Без нашите пријатели Банкрот Блуз Бенд – Сашо Гигов Гиш, Игор Атанасовски Харе, Петар Ренџов, Билјана Бајевска и Невен Силјановски (Македонска опера) Сања Шуплевска (Македонска филхармонија). Без актерите натуршчици: Дана Силјан и Елена Ставреска ( Феи Лонг -Таи Чи Чуан клуб), Ана и Михаела Мазневи, Леонтина Димовска и Владимир Пуѓа. Огромно благодарност да сите нив за вложениот талент и љубов кон уметноста. Специјална благодарност до нашите доајени Ѓокица Лукаревски и Викторија Анѓушева за позајмените гласови“, стои во официјалното соопштение.
Филмот е по сценарио на Бранко Попчевски, кој е и продуцент на филмот заедно со Никола Китановски, монтажа Ивана Попчевска, костимографија Раде Василев, шминка Игор Петрески, музика Бранко Попчевски.