Во нашиот град се одржа 11 -то издание на „Широк Сокак во бело“, манифестација која веќе традиционално се одржува на крајот на Битолското културно лето. И оваа година Битола беше обоена во бело, а спектакуларното шоу на повеќеилјадната публика и го приреди светски познатиот диџеј Дејвид Моралес кој во Битола не е за прв пат.
За нашата држава за Тера телевизија рече:
„Има многу политика кога се зборува за Македонија, многу луѓе имаат различно мислење. Јас не се занимавам со политика, но се што јас имам да кажам е дека ја сакам Македонија“.
Пред Битола настапуваше на повеќе места низ светот и тоа: Ибица, Грција, Италија, Франција, Хрватска, Сан Диего, Босна, Египет. После Битола продолжува во САД, а потоа назад на Ибица.
„Морам да кажам дека публиката тука е фантастична, има размена на енергија, тоа ми значи“, рече Моралес.
Во Битола како што изјави за Тера телевизија би се вратил повторно, а еве што најмногу му се допаднало:
„Сакам да седам на Широк Сокак, да гледам убави жени како поминуваат, да пијам пиво, убаво место за релаксирање“.
Исклучителната атмосфера на Белата ноќ беше надополнета со унифицираноста на кафе баровите долж Широк Сокак во бела боја и со бели детали, како и белиот стајлинг на присутните.
Во изминатите години за убавото расположение на повеќеилјадната публика се грижеа светски познати ди-џеи, и тоа Дејвид Моралес, Хернан Катанео, Џуниор џек, Том Нови, Соник, Том Боксер и Морена, потоа нашите музичари: Владо Јаневски, “Bang la decks”, Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓоргиевски, Виктор Апостоловски заедно со Камерниот оркестар на Битола, диџеј Љубиша и Ацика, диџеј Боца , диџеј Рикардо, диџеј Андреј Ѓошев, диџеј Robin Master и Mikkel Outzen од Данска и други.
Диџеј Моралес настапи на Широк сокак во бело во Битола
previous post