Home » Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб дел од XIII Меѓународна тркалезна маса „Македонски континуум“

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб дел од XIII Меѓународна тркалезна маса „Македонски континуум“

by culturalchat

На 23. Октомври — Денот на македонската револуционерна борба, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, се обрати на свеченото отворање и учествуваше на XIII Меѓународна тркалезна маса „Македонски континуум“, во организација на Македонскиот културен форум од Пула. Во рамките на тркалезната маса учествуваа еминентни и меѓународно реномирани македонски универзитетски професори и интелектуалци.На свеченото отворање свои поздравни обраќања имаа и претседателот на Македонскиот културен форум, Алдо Климан, Владимир Торбица, началник на Управата за култура при Истарската жупанија и директорката на Градската библиотека во Пула, Андреа Павловиќ. Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на културната соработка, меѓусебното почитување и негувањето на културната разновидност.Во своето обраќање, директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска истакна дека ваквите настани се значаен пример за културна дипломатија, бидејќи придонесуваат за афирмација на македонските културни и историски вредности, зајакнување на пријателството и продлабочување на меѓусебното разбирање меѓу македонскиот и хрватскиот народ, во Хрватска и пошироко. Македонскиот КИЦ во Загреб и понатаму останува посветен на промоцијата на македонскиот јазик, културните и историските вредности, како и на унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска.
На крајот од своето обраќање, директорката им посака на учесниците плодна размена на знаења и нови можности за соработка во духот на заемното почитување и разбирање, упатувајќи им честитки по повод 23 Октомври — Денот на македонската револуционерна борба. Настанот беше реализиран со поддршка на Истарската жупанија, Градот Пула и Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска.

Related Articles