Годишниот концерт на Државното музичко училиште – Битола, вечер посветена на младоста, талентот и силата на музиката, ќе се одржи на 14.мај со почеток од 19 часот во Центарот за култура. На сцената ќе настапат: оркестарот, детскиот хор од основното музичко училиште, хорот на средното музичко училиште, солисти и бенд, кои преку разновидна и внимателно подготвена програма ќе ја претстават својата работа, посветеност и љубов кон музиката.
Овој концерт не е само завршница на една успешна учебна година, туку и прослава на трудот, растот и уметничкиот дух на младите музичари кои со својата енергија и талент ја збогатуваат културната сцена на нашиот град.
