Home » Голем солистички концерт на Миле Кузмановски во Битола

Голем солистички концерт на Миле Кузмановски во Битола

by culturalchat

„Ехо од Хераклеа“ е насловот на големиот солистички концерт на Миле Кузмановски, кој на15.07.2026 година, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи во Хераклеа, Битола.
Публиката ќе има можност да ги слушне неговите безвременски хитови во едно поинакво издание, а ќе биде придружуван од НУ Камерен оркестар на Битола. Заедно ќе направат битолска приказна која ќе се памети, најавува и гости кои за сега остануваат изненадување.

Кузмановски има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има одржано концерти во Канада, Америка, Германија, Австралија, Швајцарија, Австрија и други европски земји. Познат е по баладите Не кани ме и Крал без круна. Во 2025 година, по повод 35 години кариера, одржа концерт во Македонската опера и балет во Скопје, заедно со Сузана Спасовска, Спасен Сиљаноски, Бојана Скендеровски. Има издадено 5 албуми со негови авторски песни, од кои еден е двоен албум и два се спој на аудио и двд материјал.

Картите за концертот во Битола можат да се купат онлине на https://yournextevent.info/event.php?id=259 и на продажни места тобака Димпо и Сенатор рекордс, Битола.

Related Articles