Пејачот Борче Наумовски одржа спектакуларен концерт во античкиот локаитет Хераклеја во Битола, по повод 30 години успешна кариера на естрадата. На самиот концерт тој истакна:
„По подготовки повеќе од половина година тука во Хераклеја го славам најголемиот роденден во мојата кариера – 30 години постоење на естрадата. Бидејќи славиме три децении, сè ќе биде во знакот на бројот 30, ќе испееме јас и моите гости 30 песни, имаме 30 тапани на сцена, 30 играорци, па дури и на миксетата нашиот тон-мајстор Миодраг Нечак ќе “отвори“ точно 30 канали за музичарите. Бидејќи се е во знакот на бројот 3 вечерва тука не’ има околу 3.000 луѓе во публика, што е сериозна бројка за наши услови“.
Водителка на концертот беше Ирена Спироска, која за славеникот рече:
„Борче Наумовски карирерата ја започнува до 1997 година, а досега има издадено четири студиски албуми. Свири на хармоника и гитара, а започнал музички да се школува на 7 години во Државното музичко училиште во Битола. Неговата прва касета е во продукција на тогашната Македонска радио-телевизија. Борче го има и новиот проект, новиот албум the best of me, 30 години на естрадата собрано се во едно. Борче е единствен “министер“ кој никој не може да го разреши, и останува секогаш министер на сцената“.
Пред месец дена Наумовски промоовираше нов видео запис „Моја љубов, моја судбина“, како што ќе го наслови и албумот. Пред битолската публика за првпат ја испеа песната “Битолските чупиња“. Гости на концертот беа Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Кате и Трајче Соната и Миле Кузмановски, кои не го криеја задовоството да настапат во Битола и да бидат дел од големиот концерт на Борче Наумовски.
Иако роден во Сиднеј, Австралија, Наумовски останува голем патриот и во насока на зачувување на македонската традиција, песни и ора на сцената покани и 30 играорци од КУД “Илинден“ и 30 тапанџии кои ја импресионираа публиката, која остана скоро до полноќ во Херакјеја. Борче Наумовски – Министерот концертот го заврши со песни за Македонија, со битолски серенади и секако со “Ако одам во Битола“, а една серенада испеа во чест на битолската музичка легенда – Боцкино, како рече, негов прв учител. На концертот се појави и големиот оркестар кој го придружуваше Наумовски во живо на чело со професор Кирил Стојчевски, долгогодишен соработник и близок пријател на пејачот кој низ годините се консултира со него за неговото творештво и има напишано повеќе песни за него. На сцената беше состав од 17 изведувачи од сите музички секции – вклучувајќи гудачи, дувачи, хармоники, гитари и придружни вокали. Во чест на големиот јубилеј на Наумовски беше испукан и голем огномет. Борче Министерот продолжува понатами да создава, твори, реализира и забавува. Ќе се движи кон нови јубилеи.
Фото и инфо: Радио мрежа 89 Битола


