Home » Благој Нацоски одржа 3 концерти во Скопје

Благој Нацоски одржа 3 концерти во Скопје

by culturalchat

Македонската публика имаш можност да ужива во настапот на нашиот реномиран и светски познат тенор со интернационална кариера, Благој Нацоски, кој во Скопје имаше два концерти во македонската Филхармонија, ќе настапи и во Македонската опера и балет.

Со делото ‘An die Musik’, односно ‘На музиката’ на Шуберт со македонската Филхармонија започна програмата, како дел од концертот Сафи.

„За првпат делото го изведував со оркестар, а тоа важи и за останатите седум делови. Сите ќе доживеат македонска премиера со оркестар“, вели Нацоски. Со оркестарот на Филхармонија тој настапи како солист заедно со пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент беше Виктор Митревски. На програмата беа увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар  бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни за тенор и оркестар од Франц Шуберт, како и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето“ од Густав Малер.

Следниот ден Нацоски со пијанистот Чамаруги одржаа и камерен концерт насловен „Меѓа“, на кој во рамките на програмата „Убавата воденичарка”, на Франц Шуберт, имаше македонска премиера. Концертите беа поддржани од Италијанската амбасада во Скопје и од италијанскиот Институт за култура од Белград. Инаку, во 2020 година излезе книгата на Лука Чамаруги, кој е и музиколог, посветена на Франц Шуберт. Со нашиот тенор Благој Нацоски, тој во 2020 година го изведе вокалниот циклус „Убавата воденичарка“ на лајфстрим на фестивалот „Витербо ин музика“.

На 17. декември Нацоски настапи и како солист на операта, во популарната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, заедно со Катерина Стојановска и Нико Ѓоргиевски.

Изминатиот период тој настапи во светската премиера на операта ‘Сега е мрак, прашајте’ во главната тенорска улога во театарот „Верди“ во Сасари. Потоа следуваше рецитал во Милано, односно циклусот ‘Зимско патување’ од Шуберт. Настапува во театарот ’Масимо’ во Палермо, со операта ‘Набуко’, а потоа и во Операта во Тенерифе со ‘Бал под маски’. Непосредно пред доаѓањето во Скопје настапи во операта ‘Боеми’ од Леонкавало во Катанија. На 27. декември ќе настапи на концерт за мир во Беневенто.

 

 

Related Articles