Home » Емин Алпер: „Пред дождот“ имаше големо влијание врз мене кога го гледав како млад студент кој сака да биде филмски автор

Емин Алпер: „Пред дождот“ имаше големо влијание врз мене кога го гледав како млад студент кој сака да биде филмски автор

by culturalchat
Лауреат на Киненова 2026 е филмскиот уметник од Туркије, смелиот и бунтовен маг на психолошката драма, Емин Алпер, кој годинава со својот најнов филм “Спасение“ (Kurtuluş) во Берлин ја понесе Наградата на големото жири, Сребрената мечка.
На прашањето дали имате свој омилен филм, меѓу своите? Што го прави посебен за вас, Алпер вели:
-Тешко е да се избере еден. Силно емотивно сум поврзан со сите мои филмови на различни начини. Филмот Зад ридот има различно место во мене затоа што тоа беше мој прв целовечерен игран филм и во него ги востановив главните теми кои се провлекуваа и потоа во следните мои филмски проекти. Френзи беше можеби најпредизвикувачки за мене и многу ја сакам атмосферата во него. Го сакам и Приказната за трите сестри бидејќи ми е прилично личен филм. Ја сакам темнината, визуелниот стил, и политичката содржина на Спас исто така.
Што знаете за македонскиот филм?
-За жал. моите познавања се оскудни, лимитирани во однос на познавање на режисерите од македонија. Секако дека го знам Милчо Манчевски, Пред дождот имаше големо влијание врз мене кога го гледав како млад студент  којшто сака да биде филмски автор. Го сакам Медена земја, тоа е многу силен со емоции документарец. Ја следам и ми се допаѓаат последните филмови на Теона Митевска. Теона ми е и пријателка.
Киненова е фестивал што ги слави новите и моќни филмски гласови, а Алпер ги советува да не се занимаваат многу со следење на трендови.
-Треба да се обидат да го откријат својот сопствен глас и да создадат филмови кои искрено чувствуваат дека треба да ги направат. И над се, тие треба да гледаат што повеќе филмови од различни жанрови.

Related Articles