Еден од најголемите рок вокали на Балканот – Ален Исламовиќ доаѓа во Битола со концерт што ќе нѐ врати во златната ера на рокенролот! На 16 мај, во Битола, во НУ Центар за култура, ќе имате можност во живо да ги слушнете безвременските хитови „Đurđevdan“, „Motori“, „Lipe cvatu“, „Napile se ulice“ и песни кои со години ги пеат генерации. Продажбата на влезниците онлајн на ticketx.com.mk и во продажната мрежа на TicketX низ Македонија!
Подгответе се за вечер исполнета со емоции, рок енергија и песни што никогаш не излегуваат од мода!
