Home » Прием во Македонската амбасада во Норвешка за Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски

Прием во Македонската амбасада во Норвешка за Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски

by culturalchat

Актерката м-р Јулијана Мирчевска, воедно претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија, која раководи и со театарската школа „Бабец“ која оваа година одбележува 12 години постоење, заедно со Васко Мавровски директор на НУ.Народен театар Битола, беа на прием кај македонскиот амбасадор д-р Дритон Куќи во Осло, Норвешка. Средбата се фокусираше на подготовките за театарската претстава „Зборови“, која ќе се изведе во Осло на 15 мај 2026 година во театарската сала Folkets Hus Strømmen. Настанот е посветен и на одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик. Воедно директорот на Битолскиот театар му ја подари Монографијата на македонскиот амбасадор, посветена на 80 години постоење НТБ.Овој важен проект, во кој учествуваат ученици, родители и наставници од Македонската заедница во Норвешка, е организиран од Македонското училиште за изучување на македонскиот јазик, религија, култура и традиции во Осло. Македонскиот амбасадор во Норвешка упати отворена покана за широка посетеност и поддршка на овој настан, кој преку уметност и театар ја промовира Македонската култура и Македонскиот јазик.  Оваа средба уште повеќе ја зацврстува соработката на културно поле помеѓу Македонија и Норвешка, давајќи и видливост на македонската театарска култура надвор од границите на Македонија.

 

 

 

Related Articles