Во Загреб свечено беше отворен овогодинешниот Zagreb Classic – фестивал на класична музика на отворено кој ќе трае до 2 јули. Пред Хрватскиот народен театар Симфонискиот оркестар на ХРТ под раководство на маестро Валентин Егел изведе филмски класици – класична музика која одигра важна улога во сите филмски продукции што ги знаеме. Многу од нив инспирираа и големи режисери кои им дадоа дополнителна димензија во нивните филмови. Оваа комбинација е особено убава и привлечна за публиката. Некои парчиња се многу познати, а други публиката ги откриваше со изведувачите.Како солист настапи битолчанецот баритонот Давор Неќак заедно со пијанистката Мартина Фиљак, сопраните Јосипа Билиќ и Габријела Деглин . Љубителите на филмот несомнено знаат колку музиката значи за доживувањето на еден филм, а кога станува збор за класичната музика, таа на филмскиот проект може да му даде посебна димензија. Покрај тоа што носи богата традиција, нејзиното препознавање служи за поврзување на приказната, нагласување на одредени аспекти на дејството и дополнително ангажирање на гледачот, слушателот.Бројните ремек-дела на класичната музика одиграа важни, понекогаш неочекувани, улоги во филмовите. Меѓу особено впечатливите е симфониската Така зборуваше Заратустра од Ричард Штраус во научно-фантастичниот филм 2001: Одисеја во вселената во режија на Стенли Кјубрик. Меѓу другите избори на Кјубрик за овој филм е и „Валцер на прекрасниот син Дунав“ од Јохан Штраус Џуниор. На другиот крај од импресивниот спектар се длабоко трогателните сцени од Виетнамската војна во Водот на смртта на Оливер Стоун, проследени со Адаџото на Семјуел Барбер. Мелодичното Интермецо од операта Кавалерија рустикана на Пјетро Маскањи можеби нема веднаш да се поврзе со филм за професионалниот бокс, но тоа е токму музичката тема на филмот на Мартин Скорсезе за боксерот Џејк ЛаМота, со Роберт де Ниро во главната улога.
Музиката на Моцарт најде место во повеќе од 2.000 филмски и телевизиски дела, од почетокот на историјата на звучниот филм до денес, вклучително и во класиката на хрватската кинематографија – романтичната драма Љубовни писма со предумисла, во која режисерот Звонимир Берковиќ вклучи извадок од операта Волшебната флејта.Норвешкиот композитор Едвард Григ ја компонираше придружната музика за драмата Peer Gynt од Хенрик Ибзен, од која подоцна станаа независни две оркестарски свити, кои се најдоа до филмските екрани во 20 век.Колку различни улоги може да игра иста музика сведочи Рапсодија во сино на Гершвин во комедијата-драмата на Вуди Ален Менхетен и во историската романтична драма на Баз Лурман Големиот Гетсби; и во двата филма ги следи сцените од Њујорк, но во сосема различни контексти.